Рускиот дипломат од висок ранг Олег Бурмистров изјави денеска дека Русија би можела да биде домаќин на разговори меѓу САД и Северна Кореја, доколку тоа биде побарано од Москва.
– Ние сме отворени за контакти и подготвени да обезбедиме простор (за разговори), доколку тоа биде потребно. Подготвени сме да учествуваме на такви состаноци, доколку бидеме повикани, истакна Бурмистров.
Кремљ и во вторникот изрази подготвеност да посредува меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, со цел намалување на тензиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст