Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против двајца поранешни директори на Агенцијата за филм на Република Македонија – Д.Б, директор во периодот од 25 декември 2008 до 3 ноември 2015, и М.Ѓ.И., директор од 3 ноември 2015 до 3 август 2017 година, како и против Д.Д., претседател на Управен одбор на Агенцијата за филм. Тие се осомничени за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
Спротивно на Законот за филмска дејност, ,Д.Б. и М.Ѓ.И. во својство на директори на Агенцијата за филм, од 2008 до 2016 година со неизвршување на својата службена должност и без должен надзор му овозможиле на Д.Д, претседател на Управен одбор на Агенцијата за филм, именуван од Владата на Република Македонија, истовремено да учествува и како филмски работник (директор на фотографија и кинематографер) во реализација на 10 филмски проекти финансирани од Агенција за филм на Република Македонија, а кои се претходно одобрени и од самиот Д.Д.
– Притоа на Д.Д. му е овозможено да прибави корист за себе во вкупен износ од 6.580.885 денари, и тоа преку продуцентските куќи: ТД Смалл Мовес ДООЕЛ Скопје, ТД Круг Филм ДООЕЛ Скопје, ТД Партизанс ДООЕЛ Скопје, ТД Сектор Филм ДООЕЛ Скопје и ТД Фрагмент Филм ДООЕЛ Скопје, соопшти Управата за финансиска полиција.
Таа посочува дека во член 32 став 1 од Законот за филмска дејност е предвидено директорот на Агенцијата, член на Советот, рецензентите, советниците и другите надворешни соработници, претседател и членовите на Управен одбор и вработен во Агенцијата, поради судир на интереси да не може да учествуваат на конкурс на Агенцијата, ниту да учествуваат во реализицијата на проект кој добил средства од Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст