| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се забрани паркирањето пред Клиничкиот центар во Скопје

Ќе се забрани паркирање на Водњанска, пред комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за да се растера метежот, најави денеска на првата прес-конференција новиот министер за здравство Венко Филипче.

-Вчера разговаравме со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во соработка со МВР ќе се решава сообраќајниот хаос, ќе се забрани паркирањето пред Клинички со цел да се растовари и ослободи брзиот пристап до клиниките, изјави тој.,

Едно од можните решенија за решавање на хаосот со паркирањето во Клиничкиот центар е изградба на катна гаража или закуп на места во околните катни гаражи за вработените во Клиничкиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top