| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Наместо патни трошоци, пратениците да добијат службени станови

Собранието ќе набави четири нови возила, а средствата се предвидени со новиот буџет, најави на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој истакна дека Собранието не е самостојно во функционирањето, односно дека возилата се користат заеднички со Владата и затоа ќе се набавуваат нови за потребите на Парламентот.

-Голф 2 и пикап. Тоа се двете единствени возила на Собранието. Ако тоа треба да биде лицето на Собранието, тогаш сликајте го, рече Џафери.

Претседателот на Собранието рече дека една од опциите за намалување на средствата кои се издвојуваат за патни трошоци е пратениците кои се надвор од Скопје да добијат службени станови.

-Во однос на патните трошоци, од инсистутот го добив извештајот, ќе ги видам пресметките. Една од варијантите е пратениците кои се надвор од Скопје, односно патуваат повеќе од 50 километри да добијат службени станови или пак да им се плаќаат кирии, рече Џафери.

Претседателот на Парламентот исто така подвлече дека не е во ред да се казнат сите пратеници доколку некој од нив ги злоупотербил патните трошоци.

-Кога ги гледате патните трошоци, вам ви се чини дека со куп пари си отишле дома. Не е така. Ако хипотетички некој злоупотребил, а да ги казниме сите, тоа не оди. Државата формирала надзорна институција која го контролира буџетите. Трошоците се реални. Ова е пркса насекаде во светот, додава Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top