| четврток, 6 декември 2018 |

МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип

АД МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. Договорот за изградба на новиот далекувод денеска го потпишаа генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија.

Со тоа МЕПСО почнува процес на реконструкција на шест 110 киловолтни далекуводи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“ ќе биде долг 27,2 километри и ќе биде поставен на 111 челично-решеткасти столбови. Овој линиски енергетски објект ќе се гради на истата траса на која сега поминува 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува двете трансформаторски станици и е во функција 45 години, од 1972 година. Изградбата на новиот далекувод ќе трае 12 месеци.

Овој проект, според МЕПСО, значајно ќе ја зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион, а особено е значајно подобрувањето на условите за снабдување со квалитетна електрична енергија за Пробиштип, Злетово, Кратово и Крива паланка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top