ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира 29 седница на Собранието, на која на дневен ред се пратенички прашања.
Премиерот Зоран Заев, вчера изјави дека очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на оваа седница.
Доколку не дојдат, како што рече, седницата ќе биде многу кратка, бидејќи нема намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.
Во два часот се очекува да продолжи 22 седница, на чијшто дневен ред се реформските закони за судството. Ќе се дебатира за измени и дополнувања на Законот за Судски совет, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци како и за Предлог-законот за престанок на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, сите по скратена постапка..
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат на седницата посветена на пратенички прашања. Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст