Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вчерашната експлозија на рачно изработена бомба во супермаркет во Санкт Петербург, при што беа повредени 13 лица, е терористички акт.
– Во Санкт Петербург вчера беше извршен терористички акт, изјави Путин на церемонија во Кремљ, на која се врачени одликувања на руски војници кои учествувале во сириската операција.
Тој истакна дека му наредил на шефот на Фередалната служба за безбедност при апсење на криминалците да се почитува законот, „но доколку живот и здравјето на нашите припадници на безбедносните сили биде загрозен, тогаш да се дејствува решително, да не се држат никакви заробеници, туку веднаш да бидат ликвидирани терористите“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст