Скопјанецот Д.Ј. (82) е тешко повреден откако вчера бил прегазен од автобус „Јутонг“ со скопски регистарски ознаки.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 13:25 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“.
Автобусот управуван од Ш.И.(61) од Скопје удрил во пешакот кој по незгодата со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст