| четврток, 6 декември 2018 |

Бејли му ја честита функцијата лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски

„САД очекува продолжување на соработка со Македонија како со  владата, така и со опозицијата, во врска со овие напори од огромно значење, како и соочување со глобалните закани како тероризмот. Се надеваме дека во 2018 година ќе изградиме уште посилни односи помеѓу нашите две држави“.

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, испрати честитка до новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Честитки за Вашиот избор за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Вашето стапување на оваа важна функција доаѓа во време на голема  можност за напредок на Македонија во насока на аспирациите за безбедност, просперитет и инклузивна демократија, целосно интегрирана во НАТО и Европската Унија. Како најголема опозициона партија во Собранието, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да игра конструктивна улога во зајакнувањето на демократските процеси и владеењето на правото, како и унапредување на односите со соседите. САД очекува продолжување на соработка со Македонија како со  владата, така и со опозицијата, во врска со овие напори од огромно значење, како и соочување со глобалните закани како тероризмот. Се надеваме дека во 2018 година ќе изградиме уште посилни односи помеѓу нашите две држави, стои во неговата честитка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top