Советот на општина Центар донесе одлука за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината.
Оваа одлука е донесена на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ и ќе трае два месеци.
– Урбанистичко планската документација за овие ДУП-ови не е во согласност со Генералниот урбанистички план. ДУП-овите се стари и планскиот период за кој се донесени е изминат. Запирањето на спроведување на ДУП-овите според параметрите на УНДП, ќе влијае врз загадувањето кое, според нивните истражувања, ќе се намали за 22 до 25 проценти – рече Богдановиќ.
При донесување на голем дел од овие ДУП-ови, кои се носени во доцните ноќни часови, не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета.
Како што стои во образложението на градоначалникот, рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација ќе бидат основни приниципи по кои ќе постапува општина Центар при изготвување на новите Детални урбанистички планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст