Полицијата во име на лажна компанија им испраќала божикни картички на осомничените лица, ветувајќи им пакети со бесплатни вина, шампањ, божикен пудинг и бројни други десерти.
Ако ги сакаат овие богати бесплатни пакети, се што „среќните добитници“ треба да направат, е да го наведат посакуваниот датум на испорака на куќната адреса.
Откако поверувале во оваа измама, луѓето пред својот дом наместо бесплатни пакети, биле пречекани од полициски автомобил.
За два дена биле уапсени дури 21 криминалци.
Тие биле барани поради кражби, различни напади, измами, сексуални вознемирувања, возење во пијана состојба и обвиненија во врска со дрога.
Биле одземени неколку возачки дозволи, неколку луѓе завршиле зад решетки, а останатите биле присилени да платат парична казна.
Љубителите на популарната американска серија „The Simpsons“ сметаат дека оваа тактика прилично потсетува на онаа со која се послужил шерифот Вигам, кој ги навел криминалците да помислат дека ќе добијат бесплатен моторен чамец.
На понудата наседнал Хомер, кој добил казна за неплатено паркирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст