| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска и Унгарија обвинети за илегална депортација на мигранти во Србија

Хрватска и Унгарија во текот на 2017 година од своите територии во Србија незаконски депортираа околу 1.500 мигранти, обвини денеска претставникот на српскиот Центар за заштита и помош на барателите на азил, Радош Ѓуровиќ.

– Хрватска и Унгарија депортираат мигранти на територијата на Србија, обидувајќи се да ја претворат земјата во тампон зона. Така, на пример, Хрватска секојдневно во Србија депортира по 30-тина мигранти, изјави Ѓуровиќ.

Според него, во текот на 2017 година од Унгарија во Србија биле депортирани 1.000 мигранти, а од Хрватска – вкупно 500.

– Илегалното депортирање на мигранти не претставува само кршење на меѓународните закони и правила, туку и на законите на Европската унија и на шенгенскиот договор, изјави Ѓуровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top