| четврток, 6 декември 2018 |

Кој во Владата фалсификува документи: Рашковски правел пиши-бриши на одлуките на Владата

Потписот на спорната одлука на владата за избор на надзорен одбор на М-НАВ е на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Името на членот на надзорниот одбор Едмонд Калиќи, кое е пречкртано, било печатна грешка, објаснува секретарот на Владата. Тој имал право да го стри ова, односно да го пречкрта името на еден од членовите и со пенкало да допише друго, но не сакал да го образложи своето право пред камерата на Телма, која го откри скандалот. Јавноста ќе остане покуса за објаснувањето на Рашковски како е можно една одлука на влада да биде со печатна грешка па со пенкало потпис и печат да е интервенирано врз неа.

„Не се работи за фалсификат туку за грешка на администрацијата. Одлуките се испечатени уште пред да се донесат на владата, но името на еден од членовите е згрешено. На владата го изгласавме Милорад Милановиќ, но на одлуката претходно веќе бил напишан Едмонд Калиќи. Решението така е изготвено бидејќи претходно Калиќи требаше да биде член на Надзорниот одбор, но имаше проблем да се впише во централниот регистар“, изјавил телефонски Рашковски.

Повторно скандал, повторно се споменува Шекеринска: Кој во Владата фалсификува документи?

„За различните нотарски документи не знам, кај нас во Владата е оној со името на Милановиќ. Нормално дека се брзаше да се донесат многу одлуки за надзорни одбори во многу претпријатија пред избори, но прешкртувањето се разбира дека е пред нивното распишување“, изјавил Рашковски на прашањето дали знае зошто има разлика и во овие документи, дали се брзало поради изборите кои беа распишани на 6 ти август, три дена по донесувањето на одлуката и дали пречкртувањето е пред или по нивното рапишување.

Интересно е што во Централниот регистар пријавата за членови на на надзорниот одбор е пристигната на 23 август, а е одобрена на 30 август, или веќе кога се распишани изборите. Но, таму недостига името на друг член на надзорниот одбор, Ангел Папеш. Засега официјално објаснување зошто тој не е впишан во централниот регистар нема и дали можеби и тој имал законски пречки да биде упшишан во регистарот. Но, тој веќе учествувал во гласањето на директорите на М-НАВ, одлука која и опозициската ВМРО ДПМНЕ ја оспоруваше како нелегитимна. Вчера Владата го разреши членот на надзорниот кој беше допишан рачно.

Инаку Рашковски реагирал на тоа дека во вчерашниот прилог Телма се повикала на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека неговиот кумашин ја добил работата како адвокатско друштво за впишување на надзорните одбори, па ја испрати венчаницата во која се гледа дека негов кум не е Дејан Костиќ од адвокатското друштво ангажирано од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top