Двајца жители на Хаваи кои израснале како најдобри пријатели откриле дека се браќа. Оваа вест на своите семејства им ја објавиле на Божиќ.
Алан Робинсон и Волтер Макфарлејн се пријатели веќе 60 години. Родени се на Хаваи 15 месеци еден по друг. Тие се запознале во шесто одделение кога заедно играле фудбал во Хонолулу.
Секој за себе, биле во потрага по своето потекло бидејќи Макфарлејн не го запознал својот татко, а Робинсон е посвоен.
Локалната телевизија од Хонолулу објавила дека Макфарлејн, по неуспешната потрага на интернет и социјалните мрежи, се насочил кон семејната историја и интернет страна за споредување на податоци од ДНК.
-Кога почна да добива доверливи податоци, почнавме да ги проверуваме, изјавила неговата ќерка Синди Макфарлејн- Флорес.
Најголемо совпаѓање – со идентични хромозоми X, имал некој со корисничко име „Роби737“.
-Надимакот на Робинсон бил Роби, а бидејќи бил пилот на „Боинг 737“ за Алоха Еирлајнс, вели Синди.
Се утврдило дека Робинсон ја користел истата интернет страна за да ги најде одговорите за своето семејство.
Подоцна дознале дека имаат иста мајка.
-Тоа беше шок, изјавил Макфарлејн.
Среќната вест на пријателите и семејствата им ја соопштиле за време на предбожиќната забава.
-Тоа е неописливо чувство. Огромно, истакнал Робинсон.
Тие двајца планираат да патуваат заедно и да уживаат во пензијата.
-Ова е најдобриот божиќен податок кој некогаш можев да го замислам, истакна Робинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст