| четврток, 6 декември 2018 |

89-годишна баба е жртвата во сообраќајката на Бит Пазар

– Денеска околу 12.10 часот било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар автобус на ЈСП (линија број 47) удрил во жена- пешак Е.А. на возраст од 89 години од Скопје. Од здобиените повреди жената починала на местото на настанот. Констатирана била смрт од страна на лекар од итна медицинска помош. Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top