| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за здравство бараше историчар, вработи економист

Министерството за здравство информира дека огласот на кој се бараше државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, е завршен, а единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист.

„Тој дополнително има и соодветни едукации, кои се совпаѓаат со условите кои треба да бидат исполнети за таа позиција. Целта на Министерството за здравство е на вакви значајни позиции да се изберат најдобри и најквалитетни кандидати. Во исто време, сакаме да потенцираме дека огласот е распишан по постојната систематизација, која за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување, со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи“, соопшти министерството.

Оваа информација доаѓа откако деновиве чуден оглас на Министерството за здравство предизвика голем интерес на социјалните мрежи. Министерството бараше да вработи државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, кој може да има завршено и историски науки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top