| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски хитови: “Џуманџи” и “Величествениот шоумен” во македонските кина

Љубителите на филмската уметност од утре ќе имаат можност да проследат два нови филмски хита „Џуманџи добродојдовте во џунглата” и “Величествениот шоумен” во македонските кина.

„Џуманџи” е еден од најдобрите и најпосакуваните филмови за деца но, и возрасни, на сите времиња. Во 1995 неповторливиот Робин Вилијамс излезе од играта заедно со многу различни животни и „неживотни”.

Годинава играчите се тие кои влегуваат во играта во телата на своите аватари, се борат против главните негативци и се обидуваат да спасат жива глава. Фигурите овој пат се во рацете на Двејн Џонсон, Кевин Харт, Џек Блек и Карен Гилан. Дејствието започнува кога четворицата обични средношколци откако ќе ја заиграат старата видео игра која случајно ја нашле, стануваат сето она што не се. Во телата на одбраните аватари мораат да ги преживеат предизвиците кои ги носи играта или ќе останат засекогаш заробени во неа.

„Величествениот шоумен”, пак, е приказна за фасцинантиниот живот на П.Т. Барнум во режија на Мајкл Грејси, а главната улога ја толкува Хју Џекман. „Величествениот шоумен“ е музички спектакл со доста заразни поп-нумери, гламурозни танцови точки и сцена која ја слави моќта на перформансите, љубовта и вербата во себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top