-Не е добро премиерот Зоран Заев и Али Ахмети да се кријат зад ликот на Арбен Таравари. Подобро е да излезат и да ја кажат вистината. Вистината според мене, е дека ќе се гради нов клинички центар, кој што ќе чини некаде околу 150 милиони евра. Јас се надевам дека ова не е некој бизнис помеѓу СДСМ и ДУИ и затоа се надевам дека тој бизнис нема да биде приоритет, туку приоритет ќе биде здравството, односно подобрување на условите низ болниците со цел граѓаните да имаат нормални услови, бидејќи сите ние сме потенцијални пациенти за да одиме во болница, изјави во вчерашната “Емисија 200” на телевизија Алсат, Зијадин Села од Алијансата на албанците.
Според Села, ова е сериозен сомнеж. Нормално е да се појават сомнежи бидејќи во прво време не постоело план за изградба на нова клиника но, откако владата на Заев одлучи да го реализира тој план наеднаш министерството за здравство стана многу интересно.
-Да, покренувам сериозни сомнежи и можеби тоа ќе направи приоритет да биде вистинската изградба на клиниката, а не да се гради клиничкиот центар ако двата коалициони партнери имаат некои други цели. Да нема дилеми околу тоа зошто се појави проблемот. Зад целата оваа прашина за министерството за здравство се кријат целите на ДУИ да не избркаат надвор од секторот за здравство, дециден е Зијадин Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст