Шефот на германската Сојузна агенција за работа бара Германија да изготви законско решение со кое ќе се овозможи земјата да прима околу 300.000 квалификувани работници надвор од Европската Унија секоја година како би се задоволиле потребите на домашната индустрија.
„Законот за доселување не би имал ништо со бегалците кои би доаѓале во земјата од хуманитарни причини, туку би се однесувал на луѓето кои би требало да дојдат и да работат во Германија, нагласува тој, барајќи државата да направи критериуми за доселување на ваквите работници. Закон кој би создавал можност за борба против недостигот на стручна работна сила би требало да се донесе во наредниот легислативен период“ – вели директорот Детлеф Штеле.
Тој информираше дека во Агенцијата веќе работи специјализиран тим кој треба да подготви решение за увоз на работна сила надвор од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст