| четврток, 6 декември 2018 |

Одложени сите седници во Собрание

Собранието на Република Македонија ги одложи за денеска закажаните продолженија на пет седници. На прашањето зошто се одложени, од секторот за односи со јавност не знаеја која е причината. За денес беа закажани единаесеттата, дванаесеттата, тринаесеттата, петнаесеттата и дваесет и втората седница.

„Одложени се на неопределено време. Само една од седниците е закажана за утре“, велат од Собрание.

За утре е закажана седницата на која на дневен ред се реформските закони од правосудството.

На дневен ред на денешните седници се наоѓаа интерпелациите за претставници од новата Влада, поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Утре, последниот четврток од месецот, ќе се одржи и седницата за пратенички прашања, а закажана е и неформална средба на претседателот Талат Џафери со новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top