Од 27. до 29. декември ќе има 22 локации низ главниот град на Македонија, Скопје, кои ќе се претворат во места каде се негува сржта на празничниот дух, хуманоста и подарувањето радост. Овие локали и ресторани се дел од кампањата „Место со срце“ на СОС Детско село.
Оваа тридневна активност има за цел да се подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. СОС Детско Село е посветено на мисијата „Топол дом и грижа за секое дете“ и секоја поддршка и помош ќе помогне да згрижат повеќе деца и да обезбедиме ниту едно дете да не расте само и напуштено.
Александра Спасевска од СОС Детско село истакнува „Место со срце е само уште едно надополнување на бројните активности кои ги преземаме за исполнување на нашата мисија. Прекрасно е чувството што ваков голем број на ресторани, локали и игротеки се вклучија оваа година. Ова ни дава надеж и мотивација да продолжиме и во иднина да ја водиме оваа кампања. Се надевам дека еден ден сите ќе имаат желба да се вклучат во кампањата и цел град, и другите градови во Македонија ќе прераснат во Место со срце“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст