Двајца работници биле повредени вчера во „ИГМ“ Трејд од Кавадарци, откако извршувале активности за отстранување дефект.
Едниот се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во кавадаречката болница, каде биле задржани на лекување, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Околу 10.30 часот, двете лица од Кавадарци, Г.С.(42) и М.М.(40), при извршување редовни активности за отстранување на дефект во фабриката, биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар. При спуштањето, на висина од околу 1,5 метри, истата се заглавила. Тогаш двајцата паднале и ги добиле повредите, соопшти Додевски.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од полициска станица од општа надлежност Кавадарци и трудов инспектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст