| четврток, 6 декември 2018 |

Васиљ напредува во кариерата – од владин советник до член на УО

Премиерот Заев и градоначалникот Шилегов ќе ги наградат партиските послушници со нови месечни примања додека 26 вработени се отпуштија од Градот Скопје.
Иако по деловник треба најмалку 7 дена пред одржувањето на седницата, претседавачот на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева на помалку од 20 часа од одржувањето на седницата доставува материјал за најмасовната смена на управни и надзорни одбори во Градот Скопје каде ќе се сменат некаде околу 50 управни и надзорни одбори.


Имињата се чуваа во тајност се до последниот ден, а биографии нема за никого. Повеќе од јасно е дека се спрема масовна партизација на работењето на Градот Скопје.

Според член 39 став 4 од Законот за локалната самоуправа, денот, часот и местото на одржувањето на седниците на советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи, задолжително се објавуваат најдоцна седум дена пред денот на одржувањето на седницата.

Меѓу имињата кои ќе земаат пари, а за кои ќе се одлучува на утрешната советничка седница на Градот Скопје е и владиниот советник и блогер Влатко Васиљ. Тој е предложен за член на Управниот одбор на Културно-информативниот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top