Познатиот фудбалски судија од Англија, Марк Клатенбург доби црвен картон откако се најде во секс скандал. Клатенбург на почетокот на годината ја напушти Англија и замина да работи во Саудиска Арабија каде што сега заработува неколку пати повеќе отколку во својата држава.
Клатенбург додека бил се уште на островот, се запознал со разведената 50-годишна дама Андреа Нодгинс, а за тајните состаноци сега дознала и сопругата на Марк, Клаир.
-Тој е навистина шармантен и романтичен човек. Љубезен е и веднаш паднав на него. Има тој тешки судиски особини, но во приватниот живот тој воопшто не е таков, изјави Андреа кој откри и една пикантна работа.

Имено Клатенбург и пратил порака дека сака да ја види во штикли, кратка суќничка и чорапи, а потоа побарал слика од нејзе во долен веш за да би можел да се „опушти“.
Сепак следело вистински шок за Андреа кога на Инстаграм открила дека всушност Марк е оженет, нешто за што претходно не била запознаена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


