
Вчерашниот избор на Љубомир Јовески за републички јавен обвинител е спорен, па дури и нелегитимен поради начинот на кој собранието го официјализираше, смета експертската јавност. Адвокатот Александар Тортевски прв реагираше со тврдење дека Јовески бил избран дури во третото гласање, откако првиот пат немаше кворум а при второто гласање, кворум е постигнат но Јовески не беше избран бидејќи добил само 60 гласа „За“. Со тоа процедурата завршила.
– Мислам дека јавен обвинител не е избран. Имало гласање на кое имало кворум од 61 пратеник, но за гласале 60 пратеници и тоа значи дека предложениот кандидат не бил избран. Не може да се гласа во недоглед. Процедурата треба да се повтори – тврди Тортевски.
Сличен став има и поранешниот јавен обвинител Сотир Костов кој вели дека се работи за избор спротивен на собранискиот деловник. Вели дека не ја спори личноста на новиот обвинител, но го запрепастува непознавањето на процедурите.
-Во случајот процедурата е згрешена. После првото неуспешно гласање, требаше да се симне од дневен ред ова прашање, повторно да се постави и доколку има мнозинство да биде гласано. Вака ќе остане црна дамка дека некој не ги познава собраниските процедури кои се регулирани во деловникот за работа на Собранието на РМ – рече Костовски.
Јовески застана на чело на јавното обвинителство откако во третото гласање, кое следеше по одложување на седницата и повикот на спикерот Џафери до координаторите да ги соберат пратениците, доби 61 глас за, додека еден пратеник беше воздржан. Во салата беа присутни вкупно 69 пратеници.
Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


