| четврток, 6 декември 2018 |

Приведениот уредник на Охрид Скај хоспитализиран

Уредникот на порталот Охрид Скај , Сашо Денесоски кого полицијата го товари дека преку шоферот упатил индиректни закани до градоначалникот Никола Бакрачески е пренесен во ЈЗУ Општа Болница каде е хоспитализиран – дознава Охрид 1 од свои извори во болницата.

Денесоски во притоворското одделение бил прегледан од лекари кои утврдиле дека тој добил напад предизвикан од алергиска реакција, имал шеќер на опасно високо ниво и висок крвен притисок кој од страна на лекарите бил оценет како сериозна опасност по неговиот живот па го транспортирлае во болница.

Инаку Денесоски и претходно кога беше приведен и му се одреди притвор се соочи со здравствени проблеми и исто така беше хоспитализиран околу една седмица.

На осомничениот, Истражен судија, според тоа што го соопшти СВР Охрид му одредил притовор во траење од 8 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top