| четврток, 6 декември 2018 |

Кривичен суд го одобри обвинението за „Тендери“

Советот за оценка на обвинителен акт на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по обвинителниот акт на СЈО во предметот „Тендери“, донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт, соопшти Кривичниот суд.

Оформениот предмет по одобрениот обвинителен акт согласно АКМИС–системот, електронски ќе биде распореден за понатамошно постапување, а кога ќе биде закажан термин за одржување главна расправа, јавноста ќе биде информирана навреме.

Во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top