| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Велевска во новогодишна честитка

Фолк-пејачката Елена Велевска и овој пат се фотографираше во пресрет на Нова Година. Облечена во црвен костим, како оној на Дедо Мраз, заедно со двете ќерки и синот, со кои се усоглсиле во облеката, предпразнично, испратија новогодишна порака.

„Им посакувам среќна Нова Година и убави Божиќни празници на сите, и посакувам секој да ја најде среќата и своето место под сонцето“, рече Велевска.

На фотографијата таа со своите деца облечени во костумот на Дедо Мраз, потсетуваат на новогодишна честитка, коментираат нејзините фанови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top