| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Тиват: Врзал куче и го фрлил како мамка за октопод (ФОТО)

Црногорските медиуми објавија фотографии направени во Тиват, на кои се гледа дека непознат сторител врзал живо куче и фрлено во море како мамка за октопод ги шокираше следбениците на социјалните мрежи.

„Ваков монструозен чин на поединци, несвесни за своите постапки кои ги прават, е показател дека во нашата држава секој може да убива животни на најмонструозен начин, а за такво дело да помине неказнети или евентуално со условна казна“, се навдува во соопштението на невлдината Пријатели на животните.

Според нив, главен виновник за вакво изживување се надлежните институции, пишува ртцг.ме.

„Пред се Основното јавно обвинителство, кое и покрај бројните апели, не покренува обвинение против сторителите, а многу често крие клучни докази добиени во истрагите“, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top