Комисијата за надворешна политика денеска му предложи на Собранието да го усвои Предлог – закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.
Договорот е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.
Комисијата му предложи на Собранието да го усвои Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа, 1990.
Конвенцијата за ноќна работа го уредува работењето ноќе и се применува на сите вработени лица, освен на вработените во земјоделството, одгледување добиток, риболов, поморски транспорт и внатрешна пловидба. Со неа се уредува и работењето ноќе на жените, при што содржи одредба во насока на заштита на мајчинството.
Со неа се елиминираат сите рестрикции во однос на ноќната работа, специфични за жените, за оние кои се насочени кон заштита на женската улога за репродукција и нега на новороденчињата. Се подобруваат можностите за вработување и работно ангажирање на жените, односно се овозможува жаната да има избор дали ќе работи ноќе или не.
Комисијата му предложи на Собранието да го усвои и Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за редовен воздушен сообраќај помеѓу и вон нивните територии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст