Контролните механизми на државата, во согласност со Просторниот план на Република Македонија 2004-2020, да спроведат итни и строги мерки за заштита на животната средина и здравјето на луѓето, побара претседателот Ѓорге Иванов, во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија, во однос на барањето на граѓаните за стопирање на изградбата на рудниците Казандол, Иловица и Боров Дол.
– Југоисточна Република Македонија е на нозе. Моите сограѓани од мојот роден крај бараат стопирање на изградбата на рудниците Казандол, Иловица, Боров Дол… Тие се повикуваат на фундаменталното човеково право на здрава животна средина. Нивното барање е и мое барање, рече претседателот Иванов.
Користењето на штетни хемиски методи за експлоатација на природното богатство, истакна македонскиот претседател, влијае негативно на животната средина. Очекувам економскиот развој да биде во согласност со принципите на одржливиот развој, додаде тој.
Македонскиот претседател рече дека со голема загриженост ја следи и дебатата за ризикот од еколошка криза.
– Нашите градови се гушат поради загадениот воздух. Надлежните институции на локално ниво, особено Град Скопје, имаат законска обврска да најдат одржливи решенија за овој сериозен проблем, порача Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст