| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најслаткото село: Слатките куќички се вистински предизвик за домаќинќите! Еве како и од што се прават

Членките на здружението „Торонтал“ од Руското село кај кикинда направија повеќе од 20 минијатурни куќички од медени колачиња, за Божик да го дочекаат во духот на празниците.

Куќите се направени од амрципан, лешник, ореви и украсени со гранчиња од елка и шишарки.

За на вистински начин да го прослават Божик по Грегоријански календар, домаќинките од Руското село приредија изложба на неодичноата медена населба со кукички од марципан. Повеќе од 20 минијатурни слатки куќички се претворени во мало село, а ова последниве години стана толку многу популарно што домаќинќите меѓусебно се натпреваруваат со знаење и умеење.

Јудит Ердег, домаќинка од Руското село вели:

-Куќите се прават од мед, јајца, сода бикарбона и брашно, но тајната е во тоа што ги правиме од цврсто тесто, за разлика од мекото кога ги правиме за јадење. Кога се цврсти, може подолго да траат.

Куќичките не се само од марципан, туку има и минијатурни објекти од лешник, ореви, шишарки…Под целото село е поставено бело платно кое го симболизира снегот, а сите куќички се осветлени со новогодипна расвета.

Правењето слатки куќички воопшто не е лесно и едноставно како што изгледа. Напротив, за изработка на еден објект потребни во се осум часа минимум, но тоа не е ништо во споредба со она каква радост предизвикуваат кај оние кои најмногу ик се радуваат на празниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top