| четврток, 6 декември 2018 |

Голф прегази дете во Мала Речица

Деветгодишно дете е прегазено вчера околу 13 часот во тетовска Мала Речица од патничко возило „Голф“, кое веднаш го напуштило местото.

„Од ударот, пешакот задобил телесни повреди, пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување. Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е неприлагодена брзина“, информираат од СВР Тетово.

Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на возилото и возачот, учесник во несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top