| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов: Анче не ми даваше да се запишам на глума

Бранко Ѓорчев му бил најблизок од колегите на факултет, сцена од „Спасени“

Завршив во гимназијата „Георги Димитров“ во 1981 година. Бев втора генерација средношколци што по тогашните закони мораа да одат во војска. Во јуни истата година полагав приемен испит и бев примен во класата на професорот Вукан Диневски, заедно со уште 14 млади, исплашени момчиња и девојки чиј заеднички сон беше да станат актери. Тогаш започна најубавиот период во мојот живот, носталгично раскажува Игор Џамбазов за Факултети.мк.

Игор ги имаше сите предиспозиции да стане човек, но тој избра да стане актер – ова се зборови на покојниот актер Славко Нинов на промоција на книга на Џамбазов.
Потекнувајќи од уметничко семејство – мајка му Анче Џамбазова, дедо му Петре Прличко и татко му, композиторот Александар Џамбазов – Игор немал никаква дилема дали да се запише на Факултетот за драмски уметности, но не и неговите родители.
– Мајка ми сметаше дека таа професија во тоа време не беше ценета како што треба и постојано ми велеше дека многу подобар живот ќе си проживеам ако запишам нешто сосемa друго. Но, јас бев решен дека ќе бидам актер по секоја цена и тоа уште од времето на „Волшебното самарче“ – вели Џамбазов.

Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top