Управниот суд ја потврди пресудата на претходниот суд – одлуката на Советот за радиодифузија да и се одземе дозволата за работа на А2 телевизија е законска.
По точно една година по одземњето на дозволата за работа на телевизијата, и Управниот суд потврди дека Советот за радиодифузија не можел поинаку да постапи освен да и ја одземе дозволата за работа. А2 го прекршила Законот и наместо 65% емитувала 75, 68% програма од забавен општ формат, стои во образложението на пресудата.
По жестока расправија, лани во јуни,со 11 гласа „за“ и 4 „против“, СРД одлучи да и се одземе дозволата за работа на А2 телевизија. На ваквата одлука и претходеа неколку опомени и рокови до кои требаше телевизијата да ја прилагоди програмата по законот по кој работи.
Откако УЈП регистрираше неплатени давачки, А2 се соочи и со замрзната сметка, а беше отворена и предстечајна постапка.
Според Законот, А2 може да се жали пред Вишиот Управен суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


