| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец се бори за живот, удрил во билборд на бул. „Србија“

Триесетгодишниот скопјанец С.М. се бори за живот по сообраќајна несреќа која синоќа 40 минути по полноќ се случила на булеварот „Србија“.

Од полицијата информираат дека С.М. управувајќи автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, изгубил контрола и удрил во бандeра и билборд.

„С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза“. Констатирани му се тешки телесни повреди и бил во животна опасност“, информираат од МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР – Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top