| четврток, 6 декември 2018 |

Му пружи рака во најтешките мигови: „Императорот“ го повика Ебуе по изјавите дека бил на раб на самоубиство

Кратко откако поранешниот дефанзивец на Арсенал и Галатасарај, Емануел Ебуе откри пред јавноста каков живот живее, дека ја загубил куќата и бил на раб на самоубиство, реагираше старо – новиот тренер на истанбулскиот гигант, Фатих Терим.

Популарниот „Император“, како што пренесуваат медиумите во оваа земја, го повикал Ебуе да се врати во Галатасарај да стане помошен тренер во пионерскиот тим на најголемиот турски клуб. Фубалерот од Брегот на Слоновата коска го прифатил тоа, па затоа и неговиот живот полека ќе се врати во некоја нормала.

– Многу сум среќен што повторно ќе работам со Терим, и што ми даде задолжение во Галатасарај. Фатих Терим ми е како татко, многу го сакам, и би сторил се за него, изјавил Ебуе откако ја дознал убавата вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top