Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десет се повредени кога автобус влета во подземен пешачки премин во Москва, соопштија извори на итната медицинска служба.
Според руското Министерство за внатрешни работи во инцидентот што се случи во близина на метро станица во западниот дел на Москва, загинале четири лица.
Возачот на автобусот е притворен, а полицијата се уште ги испитува причините за несреќата. Се претпоставува дека најверојатно откажале сопирачките или пак влијаело друго возило. Но, се исклучува можноста дека е терористички напад.
На местото од несреќата испратени се 10 возила на брзата помош, спасувачки екипи и пожарникари. Дел од повредените ќе се евакуираат со хеликоптер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст