Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид Кирил Пецаков, обвини дека СДСМ незаконски именувале лица во Управни одбори во градот.
Интегрално целиот прес во кој беа презентирани наводите:
-СДС и понатаму продолжува со противзаконското работење, брутално го крши законот и врши криминал со незаконското разрешување и именување.
Советот на општина Охрид, на седницата, одржана на ден 21.12.2017 година, спротивно на одредбите од „Законот за јавните претпријатија“ именуваше членови на управните и надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење на јавните претпријатија во Охрид: „Проаква“, „Нискоградба“, „Градски Пазар“, „Охридски Комуналец“, „Градски Гробишта“ и „Билјанини Извори“.
Имено, спротивно на одредбите од Законот, од страна на Советот на општина Охрид донесени се одлуки со кои се именувани лица за членови на управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, кои не ги исполнуваат законските услови.
Согласно „Законот за јавните претпријатија“, член 17 став 3 за претседател и член на управниот одбор и член 26 став 3 за член на надзорните одбори може да биде именувано лице кое покрај останатите треба да ги исполнува и следните услови:
– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
– има минимум три години работно искуство,
– поседува еден меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години
– има положено психолошки тест и тест за интегритет.“
Имајќи го предвид претходното, јавно го повикуваме градоначалникот Јован Стојаноски, кој согласно член 50 од „Законот за локална самоуправа“ и член 30 од „Статутот на општина Охрид“ има надлежност и обврска да ја контролира законитоста на прописите донесени од страна на Советот на општина Охрид, да одговори на следните прашања:
Кој од новоизбраните членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Охрид: поседува меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик и положен психолошки тест и тест за интегритет, согласно „Законот за јавните претпријатија“?
Зошто се разрешени членовите на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори’’ на кои не им беше истечен мандатот, а истите ги исполнуваат сите услови предвидени со Законот, а на нивно место се поставени лица кои не ги исполнуваат условите?
Зошто градоначалникот Јован Стојаноски, согласно член 51 став 1 од „Законот за локална самоуправа“, иако знае дека Советот носи незаконски одлуки, со Решение не го запре нивното објавување во службен гласник на општина Охрид и дозволи истите да стапат на сила?Овој срамен скандал креиран од страна на СДС, мора да биде предмет на работа на надлежните судски органи. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, јавно го повикува градоначалникот Јован Стојаноски веднаш да преземе мерки за ставање вонсила на донесените одлуки, а доколку тоа не се случи, ќе биде поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој е должен да донесе решение за запирање на примената на одлуките.
Исто така ги повикуваме незаконски поставените членови на управни и надзорни одбори, кои лично сносат и кривична и материјална одговорност, да не се впуштаат во носење одлуки во рамките на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, имајќи го предвид фактот дека таквите одлуки се ништовни и истите по запирањето на примената на одлуките за нивен избор донесени од страна на Советот на општина Охрид, нема да произведуваат никакво правно дејство.
Време е СДС преку Градоначалникот и нивните советници да почнат да ги применуваат законите и да престанат со нивно кршење и непочитување, нанесувајќи директна штета на општина Охрид и јавните претпријатија, а индиректно и на охриѓани.
Каде е транспарентноста? С`е што се прави заткулисно, брзо и преку ноќ, е скриено и незаконско работење. Незаконските дејствија се одвиваат преку делигитимирање на институциите и поставување на луѓе кои не ги исполнуваат сите услови предвидено со Закон.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека е најдобро незаконски именуваните и поставени лица во најкраток можен рок да си поднесат оставка.
За вакво незаконско работење ќе има и мора да има индивидуална, правна и политичка одговорност. – вели Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст