Поглаварот на Албанската првославна автохтона црква, Анастасиј Јанулатос, инаку етнички грк, по цели 25 години денешната Божиќна миса во Тирана ја одржа како албански државјанин.
Јанулатос во Албанија како прв човек на Албанската првославна црква дојде во 1992 година со одобрение на тогашниот комунистички претседател, Рамиз Алија, но неговото барање за албанско државијанство не го доби цели 25 години.
Барањето не му беше прифатено од пратедателите Сали Бериша, Реџеп Мејдани, Алфред Мојсиу, Бамир Топи и Бујар Нишани. Најчесто како причина беше наведувано неговото непознавање на албанскиот јазик, но политичките аналитичари во земјата оценуваат дека проблемот повеќе бил од политилчка природа.
Давањето на албанско државјанство на Јанулатос доби голем публицитет во земјата. Засега коментарите во политилчките кругови се скромни и воздржани, но сопругата на претседателот на Албанија Илир Мета, Моника Криемади, инаку претседателка на партијата „Социјалистилчко движење за интеграција“, изјави дека Јанулатос ја сака Албанија многу повеќе во споредба со некои албански политичари.
Инаку, во изминатите две декади и во самата Албанска првославна црква имаше несогласувања на нејзино чело да биде Грк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст