Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во изјава за „Макфакс“ вели дека засега немаат одлучено како ќе постапуваат, односно дали неговата партија ќе учествува во работата на Собранието. Во однос на тоа дали на денешното продолжение од пленарната седница ќе гласаат за избор на новите министри, меѓу кои е министерот за здравство, Села молчи.
-Ќе видиме како ќе постпапиме. Истото ќе го видите и вие наскоро. Ако има нешто дополнително, ќе повикаме прес-конференција и ќе одговориме на прашањето. До тогаш, немаме став, рече Села.
Вчера лидерот Зијадин Села по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар рече дека очекува нова средба со премиерот Заев за да разговараат повторно околу условите за нивното останување во коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст