| четврток, 6 декември 2018 |

Софија воведува целосна забрана на коњските коли низ градот

Властите на бугарскиот главен град Софија ќе го забранат возењето со коњски коли по градските улици во пресрет на бугарското претседавање со Европската унија.

– Коњските коли се опасност на патот, го валкаат градот и се забранети во сите главни градови во Европа, освен таму каде се користат во туристички цели, изјави Симеон Славчев, член на Советот на градот Софија.

Во Софија и сега е забрането возење на коњски коли низ центарот на градот, но е дозволено само во приградските населби, но оваа забрана не се почитува многу и често се случува запрегите да се видат низ центаралните делови.

Славчев вели дека во рамките на новите мерки, ќе се запленуваат како колите така и коњите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top