| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов, Штербик, Гонзалес… најуспешни спортисти во Скопје

Стојанче Стоилов од ракометниот клуб Вардар е прогласен за најуспешен спортист на Град Скопје за 2017 година во сениорска категорија.

Според одлуката на градската Комисија за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скпје, најуспешен тренер за оваа година е стратегот на РК Вардар Раул Гонзалес, најуспешна спортска екипа е РК Вардар, а најуспешен странец кој настапува во скопска екипа е голманот на РК Вардар Арпад Штербик.

Каратистот Петар Заборски е прогласен за најдобар спортист во младинска категоирија, додека најталентиран млад спортсит е Аид Салихи од боречкиот клуб Тефејуз. Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби е Андреј Стојановски од пливачлкиот клуб Бета, а веднаш зад него е неговиот колега Флоренс Герет со освоено прво место во дисциплина 50 метри грбно на европското првенство за лица со Даунов синдром одржано во Париз.

Заменик градоначалникот на Град Скопје Енвер Малиќи на најуспешните има ја честиташе наградата и најави дека наредната година за оваа манифестација градот ќе одвои двојно повеќе средства, односно од 300 илјади на 600 илјади денари. Тој, покрај вложувањето во рекреативниот, масовниот и спортот за лица со посебни спортови, најави и големи инвестиции во средношколскиот спорт, нагласувајќи дека токму таму е иднината на македонскиот спорт.

Комисијата за избор на најуспешните во областа на спортот за 2017 на Град Скопје додели 21 награда. Десет беа доделени за најуспешните во сениорска категорија, пет за науспешните во младинска категорија, по еден за најталентиран младинец, тренер, спортска екипа и странец и двајца најуспешни спортисти во категорија на лица со посебни потреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top