| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието го избра Љубомир Јовески за нов јавен обвинител

Со 61 глас за, еден воздржан и ниту еден против, во присуство на 69 пратеници, Собранието даде одобрение и го назначи Љубомир Јовески за нов шеф на македонското обвинителство.

Расправата за Јовески заврши на 15.декември, а Јовески денеска се гласаше “по трета мајка“ бидејќи мнозинството не можеше да обезбеди кворум за да го изгласа.

Неговиот мандат трае шест години и доаѓа на местото на Марко Зврлевски, кој претходно беше разрешен.

Новоизбраниот јавен обвинител Љубомир Јовевски во свечената изјава се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и оти ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.

– Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на обвинителството пред граѓаните и да се профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела. Затоа ќе работам обвинителството да ја зашитува законитоста и да обезбедуа владеење на правото во Република Македонија, изјаи Јовевски.

Тој ја уверува јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државн орган надлежен за гонење на криминал.

– Ја гарантирам самостојноста во постапувањето на јавните обвинители и инсистирам да го истражуваат и гонат криминалот и корупцијата, а своите одлуки да ги носат исклучиво врз основа на доказите и фактите што ќе се утврдат, а утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел, рече новиот јавен обвинител.

Јовевски кажа дека имал конктакти со СЈО и дека значително е подобрена соработката. Се уште е рано, вели да се зборува кој ќе му биде прв случај. Законот за амнестија, како што рече Јовевски, е работа на Собранието дали ќе го донесе или не и нема да се меша во тоа.

Кој е Љубомир Јовески

Шеесет и тригодишниот Љубомир Јовески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител. Во судството е уште од 1979 година, кога станува приправник во Секретаријатот за правосудството на Социјалистичка Република Македонија.

Бил судија во Општинскиот суд, во Основниот суд Скопје 2, а во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител.

Јовески во својот имотен лист доставен до Антикорупциската комисија навел дека поседува стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Вози Рено Меган, а поседува и Југо старо 19 години. Во банка има 7.000 евра и трансакциска сметка од 10.000 денари. Но, има и долгови, односно кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари.

До изборот за државен јавен обвинител Јовевски беше во Советот на јавните обвинители, а претходно бил еден од десетината заменици на Зврлевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top