Секој нека си ја врши својата работа, рече српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во врска со најавата дека американското Mинистерство за одбрана заедно со Стејт департментот идната година ќе извршaт проценка на соработката меѓу Србија, Босна и Херцеговина и Македонија со САД и Русија во областа на одбраната.
„Секој нека си ја врши својата работа, тие нека си ја работат својата, а ние нашата работа. Нашата работа е да обезбедиме Србија да биде силна, почитувана, да може да се одбрани. Од друга страна, пак, ние сме независна држава која води неутрална одбранбена политика. Тоа значи дека не сме неутрални како Швајцарија, зашто за тоа ви треба меѓународно признание, но водиме политика на воена неутралност, што значи дека не сме членови на ниту еден воен сојуз и дека нашата соработка може да биде и е рамноправна со сите“, наведе Дачиќ во интервју за РТС.
Дачиќ истакна дека би сакал американскиот претседател Доналд Трамп да дојде во Србија и да разговара за проценката во областа на одбраната, а не тоа да го прави Хојт Ји.
„Кога некој разговара во Москва, разговара со Путин, не разговара со шефот на некоја дирекција во Министерството за надворешни работи. Според тоа, такви порака можат да се испраќаат на некои квази држави во светот. Што се однесува до Србија, ние сакаме добри односи со Америка, но за тоа се потребни двајца“, порача Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст