Предновогодишен хепенинг под наслов „Размрдај го ГТЦ“ ќе се одржува во еден од омилените објекти на скопјани од 28 до 30 декември.
Како што најавуваат од управата на Градскиот трговски центар, на настанот ќе настапат некои од нашите најголеми музички уметници, како и млади бендови и диџеи. Настанот ќе се одржува на две сцени (по една на двата главни влеза). На влезот од кај плоштадот „Македонија“ ќе биде главната бина, додека на влезот од „Соравија“ ќе биде поставена диџеј-сцената.
Притоа, посебен дел во секој од овие денови ќе биде посветен и на најмладите, за кои е подготвена специјална програма, со задолжителните дедомразовци и многу други изненадувања.
„Периодот од 12 години во кои речиси ништо да не се случуваше во ГТЦ конечно ќе заврши, а новогодишните празници и еуфоријата што со себе ја носи овој период од годината се идеални за почеток на креирање на новиот дух на овој објект“, информираат од управата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст