Се спуштаме од стариот риечки пат во котлина со реката Добра и железничка пруга која дели две брда по кое се расфрлани 24 населени места. Пред школото Никола Тесла во средиштето на паркот е споменик на паднати борци од НОБ и жртви од фашизмот и со такви зборови такапишува на кирилица, но на недопрена плоча. Малкупонатаму е биста на Марко Вучковиќ првоборец, која не е ишарана со спреј. На средина се четири кафулиња. Од едното трешти партизанска чекорница По шумама и горама, но никој од пешаците не се обѕира на тоа.
Овде немаше војна иако секој трет жител на Врбовско, каде Моравице се месен одбор, е Србин, бидејќи немало заинтересирани ниту од една страна. А, биле вооружени – едните со пушки на ЈНА, другите од хрватската полиција. Тие сепак, не се чувале едни од други туку од оние „од страна“. Сосема погреѓшно е да се заклучи дека тиа место во себе ја зачувало Југославија, но жива вистина е дека тие луѓе не знаат да се мразат едни со други по национален клуч и длабоко се почитуваат.
КОНСЕНЗУС ЗА ПЛОЧИТЕ
До 1919 година местото се викало Коморске Моравице, до 1991 година Српске Моравице. Оттаму е познатиот актер Перо Квргиќ и Снежана пејчиќ, олимпијка, а таму се родил и Славко Кватерник хрватски политичар и усташ. Ако постои носталгија за минатите времиња тогаш тоа е сеќавање на 650 железнички работници кои пред 50 години работеле на некогаш важното железнички јазол. Таа цифра е поголемаотколку што сега има жители местото. Пред 100 години имале средно училиште(Железничка школа) , а оваа школска година не се запишал ниту еден ученик. Во основното училиште во 70-те години имало 67 ученици, а денеска 53 во сите осум години, во прво оделение две или три деца. Овде е најмала стапката на иселени млади во држави од ЕУ бидејќи веќе нема кој да се исели. Изумирање на Горски Котар почна одамна пред тоа да се случи во остатокот од Хрватска.
– Градот Врбовско има повеќе од 35 отсто претставници на српско малцинство. Ние во целост го имплементиравме Законот за правците на национални малцинства во нашиот Статут.Се договоривме со претставници на Советот на српската национално малцинство двојазичните плочи да одат таму каде Србите се мнозинство, а тоа се Моравице и Гомирје и Љубошина како и одредени улици. Сметаме и едните и другите дека нема потреба такви плочи да се покриваат други наслеби особено оние во кои живеат Хрвати, вели Дражен Муфиќ, градоначалник кој освоил мандат со своја независна листа.
Двата заменика му се од српско малцинство – Анѓелка Мамула и Боривоје Докмановиќ како кандидат од независната листа на градоначалникот.
– Луѓето овде имаат исти услови и исти можности, а разлики не правиме во ништо, најмалку за националноста. Сите делиме последици од тешкиот живот. Овде за среќа, немаше војна, па некако порано се всртевме на работата и инветитори. Соработката е видлива на секој чекор, а нашиот најголем заеднички проект е пресметката која не исклучува никој – финансираме бројни културни манифестации, програми. Делимо добро и лошо. Најголем проблем ни е што селата ни стануваат празни. Имаме 63 населени места на 270 кв/км и во нив живеат само 5.000 луѓе. Вистински предизвик е организација на собирање смет и други комуналии, вели Муфиќ.
За Новица Вучиниќ професор по историја и географија зборот „соживот“ е без врска бидејќи како да мораш да живееш со некого, а не како сакаш и тоа во Моравица не е случај.
– Ништо ново не измисливме. Ние само продолживме онака како што работеле пред нас. Кога се почна во почетоот на 90-те ние увидовме дека не чини и имавме додуша, секој свои будали, кои моравме да им „им удриме шамари“. Беше битно на никој да не загуби глава и во тоа успеавме. Никогаш локално немавме проблеми, ниту на ниво на градот, а соработката со Жупанијата е извонредна. Ние не се занимаваме со политика, но таа со нас – да. Ние даваме отпор, но кога ќе дојде од врвот така мора да биде, вели Вучиниќ.
Тие луѓе не се делеле според националноста, ниту се исклучувале по почитување обичаи.
– На школски екскурзии децата кои посетуваат веронаука заедно одат во Трст каде посетивме православна и католичка црква…Кај нас е така,. Владее заедништво, додава тој. Жупникот од Врбовско Иван Андроиќ духовен пастор на 200-ни католици во Моравица вели дека никогаш Каритасови пакети никогаш не делел нито по национална ниту по верски клуч, а протојереј Стојановиќ за православна Свети Сава дели и на хрватски и муслимански деца.
– Кај нас живеат православни, католици муслимани и никој не тра друг на соживот. Сите живееме заедно со своите проблеми. Можеби ова е и единствен пример за таков соживот, вели протојереј Јеленко Стојановиќ. Тој додава дека тоа што го загрозува животот овдека се економските проблеми. – Луѓето заминуваат. Оваа година имав 36 погреби, а се родија само две деца. Мислам дека слични бројки се во цел Горски Котар, додава протојереј Стојановиќ.
Попладневните часови во петок не се многу интересни за испрашуавње на граѓаните. Гласната музика од кафуле беше како позивница. Пред чекорницата одеше Томпсон. А потоа некоја комбинација од екавица и хармоника. Зад шанкот има тројца, а еден е сомничав.
– Кој ве прати? – прашува.
– Сами дојдовме, велиме и објаснуваме по кој повод.
– чекај, пушти ги луѓево. Јас сум Србин, а тие двајца се Хрвати. Ќе ти кажам се што те интересира само не ни ги пишувај имињата бидејќи сум сопственик на кафеанава за да си немам проблеми – не во Моравица туку потаму, ни вели сопственикот.Нема добро искуство кога ни покажува Слободни тједник од 1992 година во кој го обвиниле дека е антидржавен елемент и дека запалил хрватско знаме.
– Замисли а јас Србин – драговољац од татковинската војна се пројавив за во домобрани во Огулин прво веднаш во 1990 година. Се пколував во Пула – 369 Хрвати и јас, единствен Србин. Не постројуваа Туѓман, Шушак и Мориќ. Имам 4,5 години воен стаж. Но, морав да се повлечам поради закани за моето семејство, вели соговорникот.
Не ги сака политичарите без разлика од кој национален предзнак се, не му се блиски ниту свештениците, но би ставил рака во оган за чесен човек.
– Имав проблеми со плаќање струја. Еве кој ми даде 1500 куни – тука е. И покажува на еден од Хрватите.Оној другиот е сомничав, но тој е душа од човек, а татко му е во ХДЗ од 1991 година, вели Србинот.
– Овде нема проблеми и никогаш никој на никого не му кажал лош збор. Кај мене во кафулево десет години има музика и немало ни караница ниту тепачка.
– Овде не се заклучуваат вратите ниту велосипедите. Нема кражби, нема криминал. Овде се живее типично братство-единство. Сега се подготвуваме за Божик број еден и сите ќе пееме од Томпсон. За вториот ќе пее Баја Мали Книнџа. И сите ќе пеат и Хрвати и Срби. Кај нас тоа е нормално. кажи ми едно место во светот во кој е вакво нешто можно. Како ова што го имавме пред некој ден – Хрват на хармоника пее Томпсон, а со нив пеат и Срби, прашува нашиот домаќин.
Сторија на Јутарњи лист
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст