На крстосницата од регионалниот пат Скопје – Хидроелектрична централа-Козјак, локалниот пат за Марков Манастир и село Добри Дол, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген Голф“ управувано од А.З. (57) од Скопје, автомобил „Ауди А6“ управуван од М.А.(33) од Скопје и возило „Фолксваген Венто“ паркирано од В.Б.(54) од село Елово, Скопско, вчера во 17 часот .
По незгодата, со возило на брза помош сопатничката од возилото „Фолксваген Голф“, Б.С. (55) од Скопје и сопатникот од возилото „Ауди А6“, М.Ш. (48) од Скопје биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
На Б.С. и биле констатирани тешки телесни повреди, по што била задржана на понатамошно лекување на Клиниката за торакална хирургија, а на М.Ш. му биле констатирани телесни повреди.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.