Најдобрите вицови во 2017 година:
______
1.
– Ќерко, што правиш на кров?
– ЌЕ СЕ ФРЛАМ!
– Зошто?
– Срцето мое Даниел не ме сака!
– Кој Даниел?
– КАЈМАКОВСКИ БЕ тато.
– Почекај, јас ќе те фрлам!
______
2.
Англичанец, Французин и Црногорец се фалеле со своите жени.
Англичанецот:
– Мојата жена има толку долги нозе, што кога ќе јавне коњ нозете и се влечат по земја. Не дека коњот е мал, туку нозете и се долги…
Французинот:
– Мојата жена има толку тесна половина што можам да ја опфатам со два прста. Не дека мене рацете ми се големи, туку половината и е тесна…
Црногорецот:
– А мојата жена, пак, кога тргнувам на работа ќе ја плеснам по задникот и ѝ се тресе додека не се вратам од работа, не дека тој и е толку голем, туку толку ми трае работното време!
______
3.
Ми стига смс од жена ми:
– Ќе ме собереш ли од работа.
– Не можам, жена ми ќе ја зимам.
Еве сеа не можеме да се објасниме дека се зезав.
______
4.
– Син ти сакал да му купеме црвено порше.
– Нека не се занесува, каква боја има такво ќе му купеме.
______
5.
– Зошто во Америка има урагани?
– Зашто Колумбо кога ја открил Америка заборавил да ја покрие.
______
6.
Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми наниии…
______
7.
Што прави глувонема девојка со другата рака додека мастурбира?
– Стенка.
______
8.
– Во што беше маскиран на 1-ви април?
– Во Нинџа.
– Не те видов.
– Фала.
______
9.
– Жено, кај се тие пари што ги тргнав на страна за да се најдат ако треба?
– Епа се најдоа.
______
10.
Перица и вели на наставничката:
– Наставничке, напишав песна за сексот.
– Хмм, добро Перица, ајде кажи ја.
– Станувам рано, одам на училиште,
учам, малку си играм,
пак учам, спијам и
се така повторно.
– И добро Перице, каде е овде сексот?!?
– Епа песната се вика „Ебати животот”.
______
11.
– Директоре, едно стручно прашање ако може?
– Кажи?
– Плата кога?
______
12.
Оди лезбејка на гинеколог и гинекологов и вика:
– Од каде волку чиста?
Лезбејката му одговара:
– Ееее, па редовно ми доаѓа жена!
______
13.
Во автосалон:
– Господине, во оваа кола, иако е мала, може да собере 6 луѓе без проблем.
– Е кај ќе најдам бе 6 луѓе без проблем?
______
14.
– Песимистот ја гледа само темницата во тунелот!
– Оптимистот ја гледа светлината на крајот од тунелот!
– Реалистот гледа дека светлината е уствари воз!
– Машиновозачот гледа 3 идиоти на пругата!!!
______
15.
– Многу ми е досадно! Никој не ми се јавува.
– Па, земи си кредит!
______
16.
– Злато ти си мојата муза.
– Леле фала за комплиментот!
– Ме измузе до последниот денар!
______
17.
– Дај ми ги клучевите од Аудито.
– Кое ауди?
– Ауди Q3.
– Па ние немаме Ауди Q3.
– АМАН НИШТО НЕМА ВО ОВАА КУЌА!!!
______
18.
Влегува министерот во кабинет, ги гледа советниците и почнува да им се дере:
– Нели ви кажав, за време на работа пушењето е забрането!!!
– А кој работи?
______
19.
– Која секс поза е 81,42?
– 69 + 18% ддв.
______
20.
Дебар Маало, 2018та:
– Mамооо, некој ни се паркирал у дневна!
– Остај сине, сигурно е на кратко, не глеаш 4 жмигавци има пуштено…
______
21.
Интервју за работа у Неготино:
– Имате ли познавање од англиски јазик?
– Да, имам.
– Употребете го “date” во реченица.
– Кај си бе date ебам.
______
22.
Трпе го прашува татко му:
– Тато, која е разликата меѓу бесплатно и џабе?
– Епа вака синко, ти одиш на училиште бесплатно, ама џабе!
______
23.
– Се занимавате со некој екстремен спорт?
– Да, вежбам преживување со минимална плата.
______
24.
– Мамо, мамо!
– Ама, не ме викај мамо, само три месеци сум со татко ти.
– Па, како да те викам?
– Па, како што ме викаат сите други, чичко Цветко.
______
25.
Три фази на пијанство:
1. |
2. /
3. __
______
26.
– Зошто се чека многу време пред ординација?
– Затоа што времето лечи сѐ.
______
27.
– Знаеш ли да црташ?
– Да.
– Да ми се нацрташ овде за 5 мин.
______
28.
– Мислиш да ја изгубиш невиноста?
– Ако дае Господ…
– Не Господ сестро, ти треба да даеш.
______
29.
Во секс шоп:
– Ќеса да ви дадам?
– Не, одма ќе си го ставам, фала.
______
30.
– Кога ќе одлучите?
– Кога ќе се собереме!
– А кога ќе се соберете?
– Кога ќе одлучиме!
______
31.
Во банка:
– Извини дечко, чекаш ред?
– Не бе, чекам да ја пуштат Деспасито и да направиме кореографија.
______
32.
У аптека:
– Добар ден, имате нешто за нервоза и депресија?
– Рецепт имате?
– Не. А со државјанство не може?!?
______
33.
Што е автобус?
– Превозно средство кое оди 10 пати побрзо кога трчаш по него, отколку кога се возиш во него.
______
34.
Кризата обиколувајќи го целиот свет, стигнала до Македонија и рекла:
– Каде и да одиш, дома си е дома!
______
35.
Како ќе добиете идеален маж?
– Со генетски инжинеринг ќе вкрстите вибратор и банкомат!
______
36.
– Здраво Роберт, веќе неколку месеци се обидувам да ве добијам и еве конечно.
– Да? Баш ми е драго што не добивте, повелете…
– Ништо, јас само да ве поздравам. Пријатно.
______
37.
– Требаше да завршам како психијатар.
– Што заврши?
– Како пациент.
______
38.
– Ало, Обезбедување?
– Да, повелете.
– Ај обезбедете ми едно 1000 евра за вечер.
______
39.
Му се јавуваат на Трпе од основното училиште на телефон:
– Господине, син ви кажува многу лаги.
– Епа, кажете му дека е многу добар, зашто јас немам деца!
______
40.
Која е главната причина за развод?
– Бракот.
______
41.
Денес си реков:
– Сања, од денес си на диета!
… ама фала богу не се викам Сања.
______
42.
Во редица…
– Извинете, може јас преку ред, само да прашам нешто.
– Дечко, банкомат е ова.
______
43.
Која е сличноста помеѓу политичари и пелени?
– И двете треба да се менуваат редовно од иста причина.
______
44.
– Мори свињо една дебела!
– На кого бе ти мори!
______
45.
– Во недела каде ставате инекции?
– Во газот, исто како и другите денови.
______
46.
Во пекара:
– Шунка и кашкавал имате ли?
– Имаме дечко.
– Па ставете во кифлите пизда ви материна!
______
47.
Пиење ракија на 4 начина:
1. Со вода
2. Без вода
3. Како вода
4. Наместо вода
______
48.
– Докторе имам проблем со станувањето!
– Кога ти се дешава најчесто?
– Кога сум во кафана.
______
49.
– Здраво
*seen
– Не ти се разговара гледам
*seen
– Епа ајде да пееме
*seen
– Anybody
*seen
– …my baby! Бравоо, имаш многу убав глас.
______
50.
Што е разликата меѓу вонземјани и животот во државава?
– Вонземјани постојат.
______
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст