Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на темата за прашањето околу името, а гледаме дека има позитивни сигнали и од меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
-Она што сакам да го кажам е дека црвената линија за која не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот итн. и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатлива. Значи, јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна, Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна, Горна и Нова е прифатливо“, рече Анѓушев.
Според него, решавањето на името е работа на надворешната политика, меѓутоа, истакнува тој, станува збор и за внатрешно прашање кое се поврзува и со економијата.
-Ако сакате економски просперитет, вие морате прво и основно, покрај економски мерки, да имате и владеење на правото и да имате стабилна политичка состојба, а за стабилна политичка состојба, Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за да тоа можете да го направите е да најдете решение и компромис за името. Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши – порача вицепремиерот за економски прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст